Ѕвездите на Барселона од соблекувалната на Ибица направиле - кочина (ВИДЕО)

Барселона едвај успеа на терен да се спаси од голем срам против третолигашот Ибица во шпанскиот Куп, но сцените по мечот ја згрозија шпанската јавност.

Ибица водеше со 1-0 по првите 45 минути, а Барселона до триумф стигна дури во судиското надополнување, но фудбалерите на каталонскиот гигант по мечот во соблекувалната успеале да направат - кочина.