Англичани го честеле цел бар во Мадрид, па кога ја виделе сметката сакале да - бегаат!

Мадридската полиција ги испофали навивачите на Ливерпул за нивното однесување во шпанската престолнина, за завчерашниот реванш меч во осминафиналето во Лигата на шампионите, зашто не скршиле ни една чаша, па објави еден урнебес што двајца ливерпуловци го направиле во еден бар во центарот на градот.

Преку 2.000 навивачи на Ливерпул дојдоа во Мадрид и ако вообичаено е Англичаните, барем дел да направат некаков проблем, тоа не се случило, но шпанската јавност се изнасмеа на двајцата навивачи кои сакале да бидат мангупи и цел бар да го честат.

„ТелеМадрид“ објави дека двајцата навивачи на Ливерпул во еуфорично расположените нарачале шотови за целиот бар и 90 чаши шампањ за сите кои биле во моментов. И ништо не било спорно, ниту се случил инцидент во пијанката. Урнебесот бил на крајот.

Кога им ја донеле сметката, која била 2.200 евра, тргнале да бегаат. Но, брзо им било предочено дека ако не платат, ќе одат во станица, па таму ќе ја подмируваат сметката што ја направиле.