
Дојде во Реал да направи кариера, ама најмногу ќари девојка му преку Инстаграм (ФОТО)
Со себе во шпанската престолнина ја донесе атрактивната девојка Јаиза Морено, која е вистинска секс-бомба. Со Морено, Дијаз е во врска од 2012 година и таа се занимава со производство на костими за капење, а сама ги промовира на социјалните мрежи.
И по доаѓањето во Мадрид, ако Дијаз не успеа да направи кариера, Морено успеа – најмногу да ќари. Фактот дека е девојка на фудбалер на Реал ѝ донесе популарност, а продажбата и производството на костими за капење се зголеми.
Ако Маријано зажали што си замина од Лион и дојде на „Сантјаго Бернабеу“, сигурно Јаиза ич не жали за тоа.