Детенце во Молдавија се протна низ обезбедувањето и во солзи го прегрна Роналдо! (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо е атракција каде и да се појави и уште долго ќе биде идол на генерациите кои ќе доаѓаат. Потврда за тоа е и скорешната средба со еден мал обожавател во Молдавија.

На гостувањето кај Шериф во Лига Европа (2-0 за Манчестер), фудбалерите на Јунајтед беа под сериозно обезбедување, кога се движеа од хотел во автобус, до стадион итн. Меѓутоа, едно детенце успеа да се протне меѓу обезбедувањето и дотрча директно во прегратка на Роналдо.

На видеото се гледа дека е пресреќен и во солзи од радост, а Роналдо му возврати со срдечност, дури и со автограм на дресот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 433 (@433)