
Детали од првиот брак на Ванда: Маж ѝ правел оргии додека била дома!
Ванда беше во брак со Лопез од 2008 до 2013 година, по што го замени со неговиот колега Мауро Икарди со кој има две деца, а наскоро планира да се раздели зашто и тој ја изневери пред неколку месеци.
Со години се шпекулираше за тоа која е причината за првиот развод на Ванда, а новинарот Луис Вентура откри нови детали и тврди дека манекенката не можела да го поднесе Лопез, кој наводно правел оргии во нивниот стан и тоа додека Ванда била во него.
„Излегувал со други жени, а потоа ги носел дома. Ванда била на првиот кат на нивниот дом, додека Лопез имал оргии со девојките на вториот кат“, открива новинарот.