Де Пол толку бил пијан на славјето, па на девојка му и викал – те сакам Меси!

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Родриго Де Пол, екс-соиграч на Илија Несторовски во Удинезе бил толку пијан за време на шампионското славје низ улиците на Буенос Аирес после светската круна со Аргентина, па неговата девојка Тини Стоесел откри каков урнебес ѝ направил после забавата во аргентинската престолнина.

Де Пол му беше „телохранител“ на Лионел Меси за време на Мундијалот во Катар, па Стоесел ја изнасмеа цела светска јавност откако откри што ѝ кажал откако се виделе после шампионската прослава.

„Се уби пиејќи за време на шампионското славје и си дојде дома – мртов пијан. Морав да поведам грижа за него како за бебе, зашто не можеше да престане да слави. И му реков: 'Те сакам'. Сакав да го смирам малку. А, тој ме гледа и ми рече: 'И јас те сакам Меси!“ Мене ништо не ми беше јасно потоа“, рече Стоесел.

Де Пол е разведен и има две деца со поранешната сопруга, а сега е во врска со Стоесел која е една од најпопуларните пејачки во Аргентина.