Циркус на СП за жени: Кошаркарки на Мали се степаа – помеѓу себе (ВИДЕО)

Светското првенство за кошаркарки, кое се одржува во Сиднеј (Австралија), ноќеска донесе досега невидена ситуација на било кое поголемо натпреварување, а тоа е тепачка помеѓу две девојки од иста репрезентација.

Инцидентот се случи по мечот помеѓу Србија и Мали (81-66) и тоа во микс-зоната додека Србинките даваа изјави. Во тие моменти две африкански кошакарки буквално се фатија во клинч обидувајќи да си нанесат што повеќе удари, а нивната решителност беше толку голема што нивните соиграчки имаа проблеми да ги одвојат една од друга.

Тоа беше меч од 4. коло од групата Б по кое Србија има скор 2-2, додека Мали е последнопласиран со четири порази.