„Боли глава“ од тренерките на Дончиќ: Лука, па тоа ниту Џејмс Харден не би го облекол!

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ игра одлично на стартот од новата сезона во НБА лигата.

Кошаркарот на Далас минатата вечер постигна 42 победи за својот тим и воедно  стана најмладиот играч во историјата со три последователни натпревари во кои запиша над 30 поени.

Но, во арената во Тексак се појави како „маскота“, облечен во шарени тренерки поради кои сите очи беа насочени кон него. Ваков стил на облекување немаат нити Џејмс Харден, ниту Расел Вестбрук, кои важат за „фрикови“ кога е во прашање модата.

Словенецот дојде на мечот со Кливленд во тренерки дизајнирани од познатата серија „The Fresh Prince of Bel-Air“, која се прикажуваше од септември 1990 до мај 1996 година, во која се прослави популарен холивудски актер (и раперот) - Вил Смит.