Бивш освојувач на СП доби ќотек на меч во Германија (ВИДЕО)

Кевин Гроскројц е 30-годишениот фудбалер чија кариера тргна со неверојатна брзина кон пропаст, откако освои златен медал со Германија на Светското првенство во Бразил, а во неделата беше дел од инцидент на германски нисколигаши.

На мечот меѓу Кемингхаузен 3 и Брамбауер 2 се случи тепачка, а помошникот на клупата на Кемингхаузен, Гроскројц доби неколку удари во глава пред да падне на тревникот.