Бивш напаѓач на Баерн за малку ќе унаказеше противнички голман (ВИДЕО)

Шангај СИПГ денеска на домашен терен во рамки на 23. коло од кинската Суперлига славеше против Тијанџин со високи 5-1, но во центар на внимание се најде еден непромислен потег на поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Сандро Вагнер.

Вагнер во 18. минута постигна гол за својот тим, но во 62. минута со невнимателен старт за малку ќе го унаказеше лицето на голманот на домашната екипа.

Главниот судија Милорад Мазиќ му покажа само жолт картон, но дефинитивно можеше да добие црвен картон поради неговиот груб старт.