Бивш белоруски фудбалер се чуди: Цел свет е глупав, а ние сме најпаметни?

Белорусија е единствената европска држава во која домашното првенство во фудбал се одвива и покрај пандемијата на коронавирусот.

Меѓутоа, некои спортисти се сомневаат дека тоа е правилно, а јавно се побуни Витали Кутузов, кој голем дел од кариерата помина во Италија.

„На почетокот бев горд, но сега сум загрижен. Им посакувам здравје на сонародниците, но не можам да мислам дека цел свет е глупав, а ние сме најпаметни. Сега мислам дека треба сите да сме внимателни и да погледнеме околу себе“, вели Кутузов.

Кутузов во 2001 година пристигна во Милан, но таму не играше многу, па потоа заигра за Сампдорија, Парма...