Бетер од Балканци: Фудбалерите на Динамо Минск мора да пијат вотка за да не фатат корона!?

Пандемијата направи големи проблеми ширум светот, па беа откажани речиси сите европските натпреварувања, но Белорусите не се грижат премногу, а кај нив фудбалското првенство почна пред два дена.

Хрватот Карло Бручиќ, кој е член на Динамо Минск, открива дека претседателот ги советувал него и соиграчите да пијат по една чашка вотка за да не фатат коронавирус.

„Имаше неколку илјади навивачи на трибините, никој не се плаши, во држава ситуацијата е стабилна, има само 69 заразени. Претседателот ни кажа да пиеме по чашка вотка секој ден и да одиме во сауна затоа што тоа помагало во борбата со коронавирусот“, вели Бручиќ.

Хрватскиот фудбалер е убеден дека првенството нема да се одложи, а открива и дека нормално тренираат во нивните центри без разлика на пандемијата.