Бејл стана голфер во популарна видео-игра (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Герет Бејл по завршување на професионалната кариера реши да се пресели на голф-терените и стана еден од ликовите во видео-играта „ПГА Тур 2К23“.

Бејл дебитираше на ПГА Тур пред неколку месеци, а сега кажа дека е среќен што ќе биде дел и од видео-игра.

„Јас сум Герет Бејл. Тука сум за скенирање за видео-игра“, кажа поранешниот репрезентативец на Велс.