Балканско лудило: Во Никшиќ каменуван автобус со фудбалери, а во Пиреа играчите беа - натепани!

Вистинско балканско лудило беше забележано минатата ноќ, откако инциденти се случија во Никшиќ и во Грција.

По големото дерби во црногорското првенство во кое Будуќност славеше против Сутјеска со 2-0, гостинските фудбалери во Никшиќ беа нападнати со камења.

„Полицијата изврши увид. Беше констатирана материјална штета, а повредени лица нема. Се преземаат соодветни мерки за решавање на случајот“, соопштија од полицијата.

Од друга страна, навивачтие на Олимпјакос предизвикаа вистински хаос пред мечот против ПАОК. Група од 20 хулигани пречека тројца гостински фудбалери во соблекувалната, па таму ги нападнале.

Повредени се двајца фудбалери, Керол Свидерски и Александрос Пахаликис, кои добиле удари од хулиганите, но за среќа поминале без потешки повреди.