Балканштина: Татко со пиштол му се заканувал на тренерот, зашто не играл неговиот син!

Во балканскиот фудбал веќе со години има такви моменти, што нормален човек не може да ги разбере, посебно во високо развиените земји, па најнов циркус е случката во босанската престолнина Сараево, каде татко на талент во Железничар со пиштол му се заканувал на тренерот.

Тренер во младите категории на еден од бившојугословенските култни клубови Жељо преживеал вистинска драма, откако татко на еден од младите фудбалери, незадоволен што неговиот син има мала минутажа и од статусот што го има талентот во младинскиот погон, па со пиштол во рака му се заканувал на тренерот.

За среќа никој не е повреден, но тренерот преживеал невиден стрес и целиот случај брзо бил пријавен во полиција, па таа после брзата реакција кај родителот на младиот фудбалер го пронашла пиштолот со 14 куршуми во него и сега покренала обвинение.