Атрактивна навивачка откри зошто се слика во танги на трибини (ФОТО)

На почетокот на септември беше објавена провокативна фотографија од една навивачка на Бари, која позираше во танги на трибини за време на дуелот против СПАЛ во Серија Б.

Фотографијата стана хит на социјалните мрежи и многумина беа заинтересирани за нејзиното име, кое сепак не го открива, туку се претставува преку профил на Твитер, каде што ги рекламира нејзините фотографии и видеа за возрасни.

Девојката вели дека има 21 година и дипломирала дигитална комуникација, а љубител е на фудбалот и затоа има годишен билет за натпреварите на Бари, додека во разговор со фановите откри зошто се фотографирала во танги.

Нејзината цел е да привлече што е можно повеќе фанови на „ОнлиФенс“, каде што ја продава својата содржина за 15 долари месечно.

„Ќе правам сè што треба да за дојдам до заработка од четири или пет илјади долари месечно“, кажа таа.