Аматерски футсалец го чека затвор зашто на соиграч му го уништил бубрегот!

Амастерски футсалец со романско потекло, кој живее во Даблин се соочува со две ипол годишна затворска казна, поради брутален напад со тешки последици врз соиграч на рекреативен меч во Даблин.

Делува неверојатно и зачудувачки, но амаерските футсал мечеви кои најчесто се мечеви за дружење и забава, овојпат се претвориле во вистински пекол за соиграчот на Педро Пинто, кој добил тешки повреди на бубрегот. Мечот предвреме завршил, а Романецот сега ја очекува казната која најверојатно ќе биде затворска.

Станува збор за петеседгодишник, кој играл за Трансилванија од Даблин и тотално нејасно е зошто така брутално го нападнал соиграчот. Во вторник судот треба да ја изрече казната и таа ќе биде и тоа како остра.

Повредениот футсалец Сезан, бил неколкупати во бубрег удрен со колено, по што бубрегот му работи со 75 отсто функционалност, а сега пати и од висок крвен притисок.