Алвеш може да излезе на слобода веќе оваа година

Славниот бразилски фудбалер Дани Алвеш неодамна доби затворска казна од 4,5 години за силување, при што е должен да плати и 150 илјади евра отштета, но можно е многу брзо да излезе на слобода.

Неговиот адвокат, ангажиран од Нејмар, се жалел на Врховниот суд во Шпанија во надеж дека барањето за кратење на казната ќе биде усвоено. Според Марка, застапниците на Алвеш веруваат во „трет степен затворска казна“ кој овозможува отслужување на само една третина.

Со оглед на тоа што Алвеш е во затвор од јануари 2023 година, веќе одлежал 13 месеци од казната и ако му биде прифатена жалбата, на слобода би излегол веќе во јули годинава.