Албанските навивачи гаѓаа Полјак и за време на интервју (ВИДЕО)

Мечот меѓу Албанија и Полска во Тирана го одбележа инцидент во 77. минута, кога гостите постигнаа гол за водство, а навивачите почнаа да ги гаѓаат со шишиња.

Меѓутоа, дивеењето на навивачите не запреа таму бидејќи и за време на интервјуто со стрелецот на голот Карол Свидерски, некој го гаѓаше со предмет, а тоа може да се забележи и по неговата реакција на видеото.