Влатко Андоновски ја усовршува првата македонска селекторка
Милевска е дел од програмата на ФИФА за развој на нова генерација на женски фудбалски тренери и во програмата учествуваат 20 тренери кои ќе се усовршуваат под менторство на 20-те најдобри тренери во женски фудбал, а Милевска за свој ментор го избра Андоновски, кој повеќе од 20 години живее во САД и дојде до најпрестижната тренерска функција во женскиот фудбал.
Двајцата се запознале на Светското првенство за младинки до 20 години во Костарика во август годинава, кога имале тридневна работилница, а сега Андоновски ѝ е ментор и деновиве е во Скопје за да ѝ помогне околу подготовката за новите предизвици со младинската селекција на Македонија до 17 години.
„Ова е одлична програма која ни овозможува да запознаеме одлични тренери со неверојатно искуство зад себе кога е во прашање женскиот фудбал, а исто така ни овозможува да споделиме наши искуства од теренот, да комуницираме за работи низ кои сме поминале. Ова за мене е голема привилегија да сум дел од оваа програма, особено што за ментор го имам Влатко Андоновски. Навистина е важно да научам што може повеќе и да споделам што е можно повеќе. Ова е шанса да научиме многу од најдобрите во женскиот фудбал“, рече Милевска.