Комесарот Милојевиќ ги „построи“ прволигашките тренери пред новата сезона!
На собирот на кој присуствуваа најголем дел од прволигашките тренери, комесарот Милојевиќ презентираше анализа на натпреварувачката сезона 2021/2022, а во размената на мислења, беа апострофирани и некои пооделни аспекти за подобрување на квалитетот на натпреварите во настапувачката која стартува веќе на 8. октомври со мечевите од првото првенствено коло.
Одговорниот за регуларноста на лигите укажа и на некои квантитативни показатели за претходната натпреварувачка сезона. Во исто време ги информираше прволигашките тренери и за измените во официјалните кошаркарски правила на ФИБА, кои стартуваат веќе од 1. октомври и ги потенцираше деловите од дополнувањата во Пропозициите за натпреварување во Сениорските лиги за новата натпреварувачка сезона.