Хамилтон: Ќе бидам во Мерцедес додека не умрам!

Седумкратниот светски шамион во Формула 1, Луис Хамилтон минатата сезона ја загуби титулата во последниот круг, а не му оди најдобро ниту оваа година.

Хамилтон во разговор за „Марка“ вели дека животот ќе му тргнел во поинаква насока ако успеел да ја освои осмата светска титула, со која ќе го надминеше легендарниот Михаел Шумахер.

Новинарите ги интересираше иднината на Хамилтон, кој кажа дека не планира да си замине од Мерцедес.

„Ќе бидам во Мерцедес додека не умрам. Чувствувам дека сè уште можам да се натпреварувам на врвно ниво“, вели Хамилтон.

Британскиот возач, исто така, се надева дека ќе освои и осма светска титула, иако тоа во моментов делува тешко поради доминацијата на Макс Ферстапен од Ред Бул.