Барселона го претстави Кристенсен: Дојдов да освојувам трофеи!

Данскиот репрезентативец Андреас Кристенсен е најново засилување на Барселона со која потпиша четиригодишен договор и ќе остане во Каталонија до 2026 година.

Каталонскиот гигант пред неколку дена го промовираше Франк Кеси, а сега и Кристенсен, но Барселона тука не мисли да заре.

Кристенсен ќе биде замена за Ленгле, кој кариерата ја продолжува во лондонски Тотнем на позајмица.

„Тука дојдов за да победувам и да освојувам трофеи. Се радувам на големата конкуренција, имам што да научам од новите колеги“, кажа дефанзивецот.