Германците во Канада ги „тресеа“ како да се криминалци!
Наместо да ги олеснат протоколите за учесниците на Светското првенство кои во нивните земји пристигнале за да се натпреваруваат, да работат, а не да бидат туристи, властите во САД и Канада ги измачуваат репрезентациите.
Германија денеска во Канада игра против Брегот на Слоновата Коска, а при влегувањето во земјата, германските фудбалери беа тресени како да се криминалци, максимално детално.