Шампионот на Италија ќе се решава преку плејоф натпревар!

Раководството на италијанската Серија А реши да воведе голема промена во лигата, која ќе важи од следната сезона, па така ќе се игра плејоф-меч за Скудетото.

Доколку двете најдобри екипи имаат ист број на бодови, тогаш ќе се игра плејоф натпревар во 90 минути без продолженија, а ако резултатот биде нерешен, тогаш ќе се изведуваат пенали.

Скудетото беше доделено на ваков начин во 1964 година, кога Болоња славеше со 2-0 против Интер.