Сараевчани со бурен аплауз и скандирање му се заблагодарија на Велкоски (ВИДЕО)

После седум години во два мандати во Сараево, меѓу десетте најефикасни фудбалери во историјата на бившојугословенскиот и екс-босанскиот шампион и долгогодишен капитен, Крсте Велкоски вчера ја заврши својата одисеја во „бордо клубот“ каде остави силен белег и од навивачите на „Кошево“ доби бурни аплаузи, овации и скандирања.

Велкоски во Сараево играше од 2014 до 2016 година, а потоа во 2017 година се врати во босанската престолнина и после 235 меча во кои даде 64 гола и имаше 44 аспстенции, придонесувајќи за шест трофеи си замина од клубот.

На пријателскиот прв подготвителен меч на „Кошево“ против црногорска Истра која беше победена со 7-1, беше испратен со бурен аплауз од неколкуте илјади на трибините, а клубот му се заблагодари за сѐ што направи во дресот на овој гигант