
Јуни ни е најцрн месец: Едвај две победи од 18 меча во - 10 години!
Верувале или не, ама јуни е најцрниот месец за македонскиот А-тим. Од 2012 година наваму севкупно во 18 мечеви, едвај двапати сме победиле и тоа лани со Казахстан со 4-0 во последната поготовка за Еуро 2020 и во неделата кај Гибралтар со 2-0 во второто коло од овој циклус во Лигата на нации. Четири ремија имаме во овој јунски термин и 12 порази, а од победиве само една е за бодови, неодамнешната на Карпата.
Оваа статистика отвора многу прашања, ама очигледно Македонија има сериозен проблем кога доаѓа најтешкиот термин за играње, јуни, период после завршување на сезоната, во кој и психичката и физичката подготовка е најтенка. А, ова што во овој нехуман циклус со четири меча во десет дена годинава ни се случува е опомена за идната година, зашто во јуни повторно има циклус, за евроквалификациите со два меча и тоа во уште потежок период, втората половина од месецот (16 и 20 јуни).
Поразот на Македонија од Грузија вчера е пресликан истиот од Австрија пред три години, кога загубивме со 1-4 и на теренот делувавме издишано и исцрпено, па противникот знаеше како да нѐ казни и да ни ја наполни мрежата.
Ова се сите мечеви кои Македонија во изминатава деценија наваму ги има одиграно во јуни, со тоа што мечеви не сме играле во овој термин во 2012 и во 2018 година. Среќа, па во недела ни доаѓа Гибралар за да ја запишеме третата победа во 19-от јунски меч во последниве десет години.
2013 ГОДИНА
3 јуни (Малме) – Шведска 0-1 – пријателска
11 јуни (Осло) – Норвешка 0-2 - пријателска
2014 ГОДИНА
18 јуни (Шенјанг) – Кина 0-2 – пријателска
22 јуни (Жинан) – Кина 0-0 - пријателска
2015 ГОДИНА
14 јуни (Жилина) – Словачка 1-2 – квалификации Еуро 2016
2016 ГОДИНА
2 јуни (Скопје) – Иран 1-3 - пријателска
2017 ГОДИНА
5 јуни (Скопје) – Турција 0-0 – пријателска
11 јуни (Скопје) – Шпанија 1-2 – квалификации СП 2018
2018 ГОДИНА
без мечеви во јуни
2019 ГОДИНА
7 јуни (Скопје) – Полска 0-1 – квалиификации Еуро 2020
10 јуни (Скопје) – Австрија 1-4 – квалификации Еуро 2020
2021 ГОДИНА
1 јуни (Скопје) – Словенија 1-1 – пријателска пред Еуро 2020
4 јуни (Скопје) – Казахстан 4-0 – пријателска пред Еуро 2020
13 јуни (Букурешт) – Австрија 1-3 – Еуро 2020
17 јуни (Букурешт) – Украина 1-2 – Еуро 2020
21 јуни (Амстердам) – Холандија 0-3 – Еуро 2020
2022 ГОДИНА
2 јуни (Разград) – Бугарија 1-1 – Лига на нации
5 јуни (Гибралтар) – Гибралтар 2-0 – Лига на нации
9 јуни (Скопје) – Грузија 0-3 – Лига на нации
ВКУПНО: 18 меча – 2 победи, 4 ремија, 13 порази