
Талески и Томовски ги продолжија договорите, Валчак заминува во Спортинг!
Валчак е вториот пикер на Вардар покрај Жереми Тото, кој по завршување на сезонава си заминува од таборот на македонскиот шампион, откако во летото 2020 година дојде во Скопје, а Спортинг ќе му биде петти клуб во кариерата после Кјелце, француски Маса Есон и германски Либек.
За разлика од Валчак, вториот Полјак во таборот на Вардар, Јан Чувара останува црвено-црн уште една година откако ја продолжи соработката со македонскиот првак, кого една победа го дели од официјализација на нова шампионска титула во Македонија, откако веќе го освои и Купот на Македонија.
Талески кој сезонава игра феноменално за Вардар и беше клучен за освоениот Куп неодамна, но и за триумфот за титула во Битола, како и репрезентативниот прв голман на црвено-црните, Томовски ги продолжија договорите, по што засилено вардарци се екипираат за новата сезона.
Во Вардар нов договор потпиша и Тимур Дибиров, како и Марко Мишевски, а веќе дојдоа официјално три засилувања Нејц Цехте, Божо Анѓелиќ и Жилберто Дуарте. Се чека клубот да го потврди ангажирањето на нов играч, токму на позиција пикер. Станува збор за Русинот Павел Андреев, кој ќе дојде од редовите на Чеховски Медведи.