Мбапе загуби 700.000 фанови за 24 часа на Инстаграм (ФОТО)

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе реши да го продолжи договорот со ПСЖ до 2025 година, па така ги разочара навивачите на Реал Мадрид, кои го очекуваа младиот фудбалер во Шпанија.

Оваа одлука скапо го чинеше Мбапе затоа што за 24 часа загуби речиси милион фанови на Инстаграм.

Навивачите на Реал му оставаа голем број коментари на Мбапе пред да ја соопшти официјалната одлука за иднината, па сега решија да го „избришат“ од листата на луѓе кои ги следат.