
Јокиќ доби уште едно квалитетно засилување за да ја брка титулата во НБА!
Станува збор за 25-годишен кошаркар, кој доаѓа од редовите на Далас Маверикс. Едвардс во минатата сезона настапи на 40 натпревари, со просек од 4,2 поени, 2,9 скокови и 1,1 асистенција, при што реализираше 40,7-отсто од обидите за три поени. Избран како 44. пик на драфтот во 2021 година, во досегашната кариера има играно за Бруклин Нетс, Сакраменто Кингс и Далас Маверикс.
Со ова само уште еднаш се покажа дека „нагетси“ се исклучително активни во летниот преоден рок, а претходно ги обезбедија и потписите на Камерон Џонсон, Брус Браун, Тим Хардевеј и Јонас Валанчиунас.