Голем удар за Вардар: Анте Гаџа нема да игра до крајот на 2022 година!
Тој го повреди коленото кон крајот на минатиот месец при настапот за Хрватска во квалификациите за ЕП против Словачка, а по серија лекарски прегледи дозна дека му настрадале предните вкрстени лигаменти, што е една од најтешките повреди за секој спортист. Гаџа мора да биде опериран, по што ќе следува најмалку шест месечна рехабилитација, што значи дека нема да може да настапува за Вардар речиси цела прва полусезона од следното првенство.
Хрватот уште во март годинава го продолжи договорот со црвено-црните, како награда за добрите игри во дотогашниот дел од сезоната, што секако е уште една потврда за големата загуба за ракометниот гигант за настапите во првиот дел од идната сезона, пред се во Лигата на шампионите.