Ашковски настрада како Матераци од Зидан, па доби и топка во глава додека лежеше (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски ќе се бори за трофејот во Купот на Романија со својот Сепси после втората победа против Универзитатеа Крајова во полуфиналето (1-0), па со вкупни 3-1 ќе игра во завршниот меч за трофејот.

Но, мечот го одбележа неспортскиот потег на противничкиот фудбалер Банку пред самиот крај на мечот. Идентично како од сцената од мундијалското финале во 2006 година помеѓу Марко Матераци и Зинедин Зидан, Ашковски настрада како Италијанецот. Банку му удри глава во гради. Па, Банку не застана тука, туку со топка во глава го удри нашиот репрезентативец додека овој лежеше на теренот.

За потегот, Банку доби црвен картон, а инцидентот може да го видите на 9:20 од видеото.