Елмас не успеа да го спаси Наполи од пораз во Русија (ВИДЕО)
Александер Соболев во третата минута од пенал го совлада голманот Алекс Мерет за водство од 1-0 на домаќините, а истиот фудбалер стрелаше и во 28. минута за да зголеми на 2-0.
Елмас претходно имаше една одлична шанса, но чуварот на мрежата на Спартак, Александр Селиков му го одбрани ударот на одличен начин.
Меѓутоа, македонскиот фудбалер го пронајде патот до мрежата на противникот во 64. минута, кога со глава ја затресе мрежата на Селиков за 1-2.
Наполи до крајот на мечот имаше уште неколку шанси, меѓу кои и една имаше Елмас во завршницата, но Селиков остана на висина на задачата и ја зачува својата мрежа.
Спартак Москва и Наполи имаат по седум бода и се наоѓаат на делба на првата позиција, по што следи Легија Варшава со шест, како и Лестер со пет бода, но тие две екипи имаат одиграно само четири меча во групната фаза досега.