Нѐ чека луда завршница во Ф1: Четири сценарија како Ферстапен до титула уште во С. Арабија!
Во пресрет на лудата завршница која од поодамна не е видена во Ф1, поради доминацијата на Хамилтон со Мерцедес во „октанскиот циркус“, сега има четиси сценарија во кои Ферстапен со Ред Бул може да ја прекине таа доминација и да стигне до шампионската круна.
Ферстапен има 351,5 бода на врвот во генералниот пласман, а Хамилтон влегува во 343,5 бода пред завршните две гранприја во оваа сезона. Уште во Саудиска Арабија, Ферстапен би можел до титула на трка до крајот на сезоната.
Првата опција е да победи на гранприто во Саудиска Арабија, ама притоа да извози и најбрз круг за да добие дополнителен бод, а притоа Хамилтон да не биде во првите пет во генералниот пласман за трката, најмалку шести или послаб.
Втората опција е победа на Хамилтон и без најбрз круг на гранприто, а Хамилтон да биде најмалку на седмото место или послаб
Третата опција е Верстапен да биде втор, да извози најбрз круг, а притоа Хамилтон да заврши како десетти или послаб.
Последна четврта опција е Верстапен да е втор и без најбрз круг, но Хамилтон да не освои бодови на ова гранпри.