Поранешен тренер на Соколи ја даде најурнебесната изјава во историјата на АБА (ВИДЕО)
Босанскиот тим прво го совлада Широки (94-69), а потоа и Подгорица (70-55), поради што многумина веќе го ставија меѓу главните кандидати за пласман во елитната јадранска конкуренција. Но, со тоа не се согласува популарниот Гаги, па на новинарското прашање дали го гледа Борац како еден од фаворитите во АБА2 сезонава, неговиот одговор беше кус и јасен:
„ЈОК“, изјави Николиќ.
Ова не е првпат македонскиот зет, со оглед што негова сопруга е нашата поранешна репрезентативка Марија Видикова, да има интересни изјави, кои беа негов специјалитет додека ги предводеше „соколите“ во АБА пред неколку години. Тогаш тој го прероди тимот, кој по ужасниот старт врза дури осум победи во серија и на крајот обезбеди опстанок во друштво на Црвена звезда, Партизан, Цибона, Будуќност...