Владата одобри повеќе навивачи на трибините!

Владата на својата најнова седница донесе промени во протоколот за организирање на настани во затворен простор и го зголеми капацитетот на посетители. 

Спортските натпревари сега ќе се играат пред повеќе публика наместо досегашните 30 отсто од вкупниот капацитет. 

„На предлог на Комисијата за заразни болести Владата донесе заклучок за измена на Протоколот за организирање настани во затворен простор (театри, кина, филхармонија и други) со кои наместо досегашниот дозволен процент на исполнетост на салите за организирање настан во овие простори до 30%, се зголемува со присуство на публика до 50% од капацитетот на салата“, се вели во сооптението од Владата.

Сега посетителите ќе мораат да бидат вакцинирани со две дози. 

„Во врска со овој протокол, се воведува и условот посетителите да бидат вакцинирани со две дози со вакцина против Ковид-19, a останува обврската на организаторот да ги спроведува и контролира сите останати препорачани превентивни мерки за спречување на ширење на вирусот и да организира редарска служба за контрола на мерките“, појаснуваат од Владата.