Вардар загуби од Борец во контролен меч во својот тренинг-камп

Паузата во домашните шампионати поради репрезентативните обврски ја искористија дел од екипите, па така Вардар се пресмета против Борец, но загуби со 0-2 во својот тренинг-камп.

Најтрофејниот македонски клуб се пресмета со прволигашот Борец, но немаше сила за нивниот ривал, па прими по еден гол во првото и второто полувреме за пораз од 0-2.

Вардар се наоѓа на петтата позиција во Втората лига – Запад по шест одиграни меча со осум бодови, додека Борец е на 10. позиција во Првата лига со седум бода.

ФОТО: Вардар