
Финале за паметење: Италија по голема драма е нов шампион на Европа!
Тоа беше маестрален дуел, во кој буквално секој поен беше прекрасен на посебен начин. Словенците одлично почнаа и поведоа со 1-0 и со 2-1 во сетови, но не успеаја да го издржат притисокот на патот кон првото европско злато. Искуството на Итлаијанците се покажа како пресудно во финишот, што резултира со освоените последни два сета и конечен триумф.
За Италија ова е седми европски златен медал, со што успеаја да го потврдат и идентичниот успех на италијанските одбојкарки, кои пред еден месец се искачија на кровот со триумф во големото финале против Србија.