Дончиќ отвори игралиште во Белград, сите гледаа во неговата девојка и - мајка (ФОТО)

Словенечката сензација, Лука Дончиќ, кој од неодамна е најплатен спортист на Балканот, денеска отвори спортско игралиште во Белград, на местото каде што како дете ги направи првите кошаркрски чекори, но и покрај огормната популарност, не беше во центарот на вниманието на медиумите и присутните.

Славата на ѕвездата на Далас маверикс ја „земаа“ неговата мајка Мирјам Потербин и неговата девојка, Анамарија Голтес. Двете блескаа со својата убавина и елегантност на овој настан, поради што сите гледаа во нив наместо во Дончиќ. Мајка му е најзаслужна за кариерата на Лука, со оглед што го поддржува од најмали нозе и како 14-годишник се пресели со него во Мадрид.

Девојката Анамарија, пак, е долго години со словенечкиот кошаркар и живее со него во Далас, иако често се раздвоени поради нејзината кариера како манекенка.