Борозан неславно си замина од Вардар и Веспрем, па кариерата ја продолжува во Катар
Со „црвено-црните“ освои европска титула во 2017 година, но неславно си замина во 2019 година токму пред македонскиот тим да ја освои и втората круна во Лигата на шампиони. Кариерата ја продолжи во Веспрем, каде не се прослави, па исто така му беше раскинат договорот пред да заврши минатата сезона.
Сега Црногорецот ќе игра во Катар во тимот на Ал-Араби.