Прва победа за Окон во кариерата, Хамилтон заврши трет во Унгарија!

Денешната трка во Унгарија имаше еден од најхаотичните стартови сезонава во Формула 1, откако Валтери Ботас предизвика инцидент на почетокот, по што Естебан Окон најмногу профитираше и го освои првото место.

Окон имаше многу добра трка по прекинот кој се случи поради масовниот судир на почетокот и успеа да се одбрани од нападите на Себастијан Фетел за да слави во Унгарија, додека третата позиција беше резервирана за Луис Хамилтон.

Додека Макс Ферстапен поради голема штета на болидот мораше да влезе во бокс дури пет пати, па го освои 10. место на трката.