Вардар имаше два гола предност до 70-та минута, па на крај остана без победа
После ремито со Каменица Саса без голови, па „италијанката“ во Кавадарци на трофејот „Вуко Каров“ со ремито со Победа без голови и поразот од Тиквеш со 0-1, вардарци сега одиграа добар меч до завршницата, но резултатски тоа не го крунисаа со прв подготвителен триумф на крајот.
Гроздановски по само четири минути донесе водсто, а Блажевски од пенал во 36-та го дуплираше водството, па сѐ изгледаше дека вардарци ќе стигнат до прв триумф, но завршницата не беше како што посакуваа. Бачков во 72-та намали, а Ремзифаик Селмани на шест минути пред крајот донесоа реми.
Денеска преземањето на раководењето на најтрофејниот наш клуб беше официјализирано со примопредавањето на клубот од страна на град Скопје на компанијата „Блу Скај“ предводена од Слободан Крстевски, кој го преземе целиот долг на клубот.