Каква бомба: Погба ја искина мрежата на Швајцарија од 25 метри (ВИДЕО)

Голчиште даде Пол Погба од 25 метри за Франција да дојде до 3-1 против Швајцарија и безмалку го заверија четвртфиналето, откако Карим Бензема за две минути даде два гола за комплетен пресврт.

 

Погба погоди прекрасно за да ја донесе Франција на чекор до четвртфиналето, но Швајцарија не се предава, па на девет минути пред крајот Харис Сеферовиќ даде втор гол за да намали на 2-3 и да ја остави неизвесноста во мечот до самиот крај.