Украинските навивачи среде Букурешт: Македонија! Македонија! (ВИДЕО)

Македонските навивачи се светла точка во Букурешт на Европското првенство, бидејќи ја бодрат нашата репрезентација со полно срце и покрај двата порази. 

 Вчера низ улиците на романскиот главен град им се приклучија и украинските навивачи. Иако нè победија со 2-1, сепак нема „зла крв“ помеѓу фановите. Низ Букурешет се славеше и се наздравуваше за пријателството, а украинските навивачи дури и скандираа за Македонија.