Македонија Ѓорче Петров се засили со младински репрезентативец на Црна Гора
Тој доаѓа од таборот на Дедиќ Тузи, а претходно го има носено дресот на Будуќност и ОФК Титоград. Има настапувано за младинските репрезентации на Црна Гора до 17, до 19 и до 21 година.
Бановиќ треба да ја засили дефанзивната линија на „лавовите“ за следната сезона во која тимот од скопската населба Ѓорче Петров повторно ќе се обиде да го нападне врвот на табелата и да обезбеди излез во европските купови.
Во таборот на Македонија Ѓорче Петров се враќа и младиот Филип Костовски, кој изминатата сезона беше на позајмица во Тиквеш.