Вардар закажа прес, ќе го промовира Вујо?!

Вардар ја заврши сезоната во домашното првенство и веднаш закажа прес-конференција за в четврток, во 14 часот. На неа, најверојатно, ќе биде претставен Веселин Вујовиќ како нов тренер, третпат во клупската историја.

Во известувањето не се спомнува името на Вујовиќ, меѓутоа намерата на првиот човек на клубот е очигледна.

„Ракометниот клуб Вардар1961 ве поканува на прес-конференција што ќе се одржи на 4 јуни 2021 година (ПЕТОК) во 14 часот во салата за прес-конференции во СЦ „Јане Сандански“. На прес-конференцијата ќе биде присутен претседателот на клубот, Михајло Михајловски.“, пишува во соопштението.

Михајловски и Вујовиќ вчера седеа еден до друг на последниот натпревар од плејофот во Суперлигата и заедно го проследија доделувањето на пехарот. Ни еден од двајцата не потврди ништо за долгонајавувајниот трансфер, меѓутоа тренерот потврди дека планира да биде во Скопје пет дена. 

Вујовиќ го предводеше Вардар о 2006 до 2009 година и од 2011 до 2013. Во тој период освои три шампионски титули и три пехари во Купот.