„Ма, каков Никола Јокиќ за МВП – има куп играчи кои се подобри од Србинот!“

Додека сѐ е поголем концензусот дека Никола Јокиќ заслужува да биде прогласен за најкорисен (МВП) кошаркар во регуларниот дел од сезоната во НБА, со што се служи и легендарниот Меџик Џонсон, има поранешни ѕвезди кои не се соглаасуваат со ова мислење.

Меѓу нив е некогашниот шампионски центар, Кендрик Перкинс, кој вели дека веќе му здодеало глорифицирањето на Србинот и дека во моментов има неколку други играчи што повеќе го заслужуваат ова големо признание.

„Ма, каков Јокиќ за МВП. Цел викенд слушан дека тој е фаворит, а тоа не е точно. Ембид е тука, исто и Антетокумпо, а не смее да се заборават ниту Стеф Кари, како и момци како Џулиус Рендл. Но, за мене најголем фаворит би требало да биде Крис Пол. Тој го предводи Феникс до најдобар скор во лигата, првпат по 2010 година, кога најдобар играч им беше исто така плејмејкер, Стив Неш, кој тогаш беше прогласен за МВП. Зошто сега не се однесуваме исто? Постојано нешто менуваме, а тоа не е добро“, вели Перкинс.

Центарот до НБА-титулата дојде до Бостон селтикс во 2008 година.