САД в година со две Ф1-трки: Најбрзите болиди на улична трка во Мајами

Сопственицит на најбрзиот автомобилистички циркус Формула 1 постигнаа согласност и веќе потпишале договор за организација на улична трка во Мајами веќе од следната година, со што САД ќе има две трки во календарот веќе од в година, по таа во Остин, Тексас.

Минатата недела градскиот совет на Мајами гарденс го одобри решението за организација на улчичната трка во предградието на овој град на Флорида, иако големи протести имаше за ова решение од локалните жители, но на крајот двете страни успеале да потпишат „меморандум за разбирање“.

Во тој меморандум е посочено што сѐ треба да биде направено од страна на Либерти Медија и Стефан Рос, сопственикот на стадионот „Хард Рок“, околу кој треба да биде изградена новата писта за да се возат трките, а според документот пистата треба да биде одвоена и да не се блокира сообраќајот со патиштата од западната и јужната страна на стадионот.

Плус Либерти Медија ќе инвестира уште пет милиони долари за различни општествено корисни програми во следните десет години, а дополнително локалните жители ќе може да купуваат поевтини билети, додека локалните угостителски објекти ќе бидат вклучени во кетерингот за навивачите и гостите без да плаќаат дополнителни такси.