Коментаторот на „Спортклуб“: Челси сака голем, а Јунајтед – мал (ВИДЕО)

Големото денешно дерби од Премиер лигата помеѓу Челси и Манчестер Јунајтед донесе здодевен фудбал и најнепопуларен резултат на крајот (0-0), па е разбирливо што по мечот поголемо внимание предизвика лапсусот на коментаторот на „Спортклуб“, откако играта на актерите на теренот.

Добро познатиот и на македонската фудбалска јавност, Небојша Вишковиќ, во обид да ја анимира публиката кога на теренот не се случуваше апсолутно ништо интерсно, успеа да се „фати“ во конструкцијата на сопствената реченица.

„Челси сака голем, а Јунајтед мал...“, ја почна реченицата популарниот Вишко.

Веднаш потоа, тој сфати дека зборовите може да се сфатат и поинаку, па се извини за лапсусот и објасни дека мислел на поседот на топката, а не на нешто друго, што би можело да асоцира вакво формулирање на реченицата.