Познат е наследникот на Жозе Мурињо на клупата на Тотнем

Жозе Мурињо не успева да го врати Тотнем при врвот на табелата во Премиерлигата, па сезонава игра уште поочајно од минатата сезона. 

Спарс моментално се деветти на табелата и се во ужасна форма, бидејќи имаше четири порази на последните пет средби во Премиерлигата. Англиските медиуми веќе му подготвуваат смена, а најсериозен кандидат да го наследи на клупата е Џулијан Нагелсман од Лајпциг. 

Младиот германски тренер минатиот месец го одби Челси, по отказот за Франк Лампард, а минатото лето исто така одби да го преземе Реал Мадрид. Наводно тој планира да ја доработи сезоната во Лајпциг па можеби на лето ќе размислува за нов клуб.

Сепак, Тотнем би можел да го предомисли со добра финансиска понуда, особено ако Мурињо не ги подобри резултатите наскоро.